x

Најдобрите опции на Android 9 Pie кои треба да ги пробате

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 22 Август, 2018 од GSM.mk

Ако веќе го поседувате новиот Android 9 Pie, тогаш бидете подготвени за многу изненадувања кои ќе ви ги приредат новите карактеристики на оперативниот систем на Google.

Google е познат по тоа што новите верзии на оперативниот систем Android ги пушта на пазарот постепено и не ги прави веднаш достапни за сите корисници. Доколку имате Google Pixel или Essential Phone, тогаш веројатно веќе ви е достапен новиот Android 9 Pie.

Нов начин на ротација

На Android Pie, можете да го ротирате отвореното прозорче/апликација со едноставно хоризонтално навалување на телефонот, без да мора да го извлекувате горното мени од екранот. Кога ќе го поставите телефонот хоризонтално, ќе видите мала икона за ротација која ќе се појави веднаш до копчето за последно употребени апликации. Притиснете го и екранот ќе се сврти соодветно со телефонот.

Батерија која се адаптира на вас

Наместо да трошите повеќе пари за телефони со повеќе милиампер часови, сега оперативниот систем ќе се грижи за вашата батерија да трае подолго. Adaptive Battery опцијата ќе ви помогне да ги менаџирате апликациите и потрошувачката на батеријата онака како што вам ви одговара. Оваа опција ќе научи кои апликации најмногу ки користите и ќе го оптимизира вашиот телефон според тоа.

Забрана за досадни нотификации

Нотификациите на Android можат да бидат многу напорни, посебно кога ќе бидат наредени на врвот на екранот една до друга. Новата карактеристика на Android Pie ќе може да препознае кои нотификации ви се битни, па ќе ги филтрира останатите и ќе ги избрише оние кои ќе ги препознае како небитни.

Дигитално здравје

Google ја претстави опцијата Digital Wellbeing во почетокот на оваа година, но засега не е дел од последниот апдејт на Android Pie, иако се очекува да се појави во текот на есента. Оваа апликација можете да ја симнете во Beta верзија од Play Store, а таа ќе ви помогне да водите грижа за времето кое го поминувате на вашиот смартфон, односно вашето „дигитално здравје“. Со неа, Google сака да ја подигне свеста за опасностите кои можат да настанат доколку го користите смартфонот премногу.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.