x

Најдоброто време за објави на Facebook: Помеѓу 12 и 16 часот

Категорија: Совети Објавено на 15 Јуни, 2019 од GSM.mk

Доколку сакате да бидете забележани на Facebook и вашата објава да има многу коментари и допаѓања, најдоброто време за да ја поставите е помеѓу 12 и 16 часот, покажуваат заклучоците од 10 од 13 истражувања на таа тема.

Најпогодни денови за објава пак, се среда, четврток и петок, кога сите се сѐ порастоварени од обврските и поопууштени. На петокот отпаѓаат во просек 17 отсто од вкупниот неделен број коментари и 16 отсто „лајкови“ и споделувања.

Најдоброто време за објавување слика на Instagram е 14:00 часот, бидејќи оваа алгоритамот на оваа социјална мрежа ќе ја прикажува вашата нова објава до крајот на денот.

За Twitter пак, луѓето најмногу интерес покажуваат по работното време, па своите размисли и мудрости тука најдобро е да ги објавуваме меѓу 17 и 18 часот, и тоа во понеделник, вторник и среда. Објавувањата на Twitter работат одлично и во работните часови, посебно во четврток и петок.

И LinkedIn луѓето го посетуваат по заминувањето од работа и тоа најмногу во вторник, среда и четврток, но не и за викендот.

Извор: kajgana.com


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.