x

Најекстремните методи кои Apple ги котисти за да ги чува своите тајни

Категорија: Занимливости Објавено на 10 Април, 2017 од GSM.mk

Компанијата Apple е позната по својата пракса да ги чува своите производи во најголема тајност. Apple мораше да прибегне кон драстични мерки, на пример создавање посебни простории без прозори...

Business Insider направи листа на најекстремните методи кои Apple ги употребил за да ги зачува своите тајни.

Заборави на сè

Ким Шејнберг, која е сопруга на еден вработен во Apple кој пак работел на Mac OS, сподели со јавноста дека од компанијата и сугерирале да заборави на сè што работел нејзиниот сопруг, а дополнително нивниот дом бил преуреден и адаптиран на безбедносните стандарди на компанијата.

Случајот со Стив Џобс

Сега веќе починатиот главен извршен директор на Apple, долго време се бореше со ракот на панкреасот. Но, како што пренесе и самиот New York Times, никогаш досега не се памети една компанија толку добро да чува тајна околу здравствената состојба на одредена личност. Сите знаеја дека Џобс има проблеми со здравјето, но речиси и да немаше информација околу третманите и колку е сериозна неговата состојба.

Најголемата причина за ова беа акциите и акционерите. Apple не сакаше да создаде паника кај нив.

Тајната наречена iPad

Кога работеле на создавањето на iPad, Apple поставил само тројца вработени кои имале пристап до просторијата во која се работело. Собата во која работеле немала прозорци, бравите биле сменети, а на тројцата им биле земени детални податоци.

Но, тоа не било ништо во споредба со најекстремната безбедносна мерка. Имено, луѓето кои работеле на кодирањето не можеле да го видат обликот на iPad-от. Тие можеле да го допрат и да работат на него, но тој со посебни направи бил заглавен на масите на кои работеле и користеле прекривки заради кои не било возможно да видите како точно изгледа.

Дополнително била сликана подлогата од масата на која работеле, за ако случајно протечат фотографии од iPad-от, да знаат кој ги издал информациите.

Безбедност во фабриките

Apple навистина се труди да ја одржи безбедноста на високо ниво кога станува збор за нивните фабрики. Фабриката во Кина, на пример, важи буквално за тврдина. За да влезат внатре вработените употребуваат картички, а дополнително се идентификуваат преку софтвер за распознавање на отпечатоци од прсти. Дополнително се употребуваат и метални детектори и ако забележат дека некој вработен има било што што е метално, веднаш викаат полиција.

Различни производители на делови

За да бидат сигурни дека се единствените кои знаат сè за производот кој го создаваат, Apple деловите од кои го создава хардверот ги прави во различни фабрики. Исто така на производителите им дава различни производи, за подоцна лесно да може да се утврди кој е виновен ако некоја информација излезе во јавноста.

Тимови

Во Apple на состаноците можете да дискутирате за било која тајна, сè додека во просторијата во која се наоѓате се присутни само оние кои се запознаени со темата на разговор. Генерално, постојат тимови кои работат на различни проекти и никој не знае што работи другиот тим.

Физички бариери

Вработените во Applе знаат дека се готви нешто големо кога ќе пристигнат мајсторите и ќе почнат да прават преправки во просториите. Вообичаено тоа значи дека се прават простории без прозорци во кои ќе се работи на новиот проект.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.