x

Најмоќниот чипсет досега е главниот адут на новата Huawei серија

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Октомври, 2020 од GSM.mk

Кинеската технолошка компанија Huawei ја претстави својата нова серија Mate 40 на виртуелен настан.

Ова е голема промена во споредба со претходните серии, а уредите се напојуваат со најновиот чипсет - практично најдоброто што го има Huawei во моментот.

Новиот Huawei Mate 40 Pro има флексибилен OLED „ Horizon“ екран со дијагонала од 6,76 инчи, со брзина на освежување од 90Hz.

Се напојува со Kirin 9000, 5nm чипсет со интегриран 5G модем. Како што тврдат од Huawei, ова обезбедува 10% побрзи перформанси и до 52% подобри графички перформанси во споредба со чипсетot Qualcomm Snapdragon 865+.

На задната страна на телефонот се наоѓа кружен модул со камери со ист главен сензор од 50MP како и кај моделот Huawei P40 Pro. На импресивниот примарен сензор им се придружуваат ултраширокиот објектив од 20MP и 5x перископски зум објектив со резолуција од 12MP.


Телефонот има батерија од 4.400 mAh и брзо полнење до 66W, а кога станува збор за безжично полнење, до 50W.

Тука се и фукциите како се Super Bass стерео звучници, отклучување со употреба на 3Д технологија за препознавање лице, како и сензор за отпечатоци интегриран во екранот.

Основната верзија има 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање.

Кога станува збор за моделот Mate 40 Pro +, тој доаѓа со 10x перископски зум, 3х телефото камера со  резолуција од 12MP, како и ToF сензор. Исто така, има IP68 рејтинг на водоотпорност, како и 12 GB RAM меморија.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.