x

Најопасната славна личност на интернет во 2019 година

Категорија: Забава Објавено на 03 Ноември, 2019 од GSM.mk

Актерката Алексис Бледел е прогласена за најопасна славна личност на интернет, според онлајн истражување на компанијата McAfee. Нејзиното име најмногу се најде на интернет страници заразени со вируси.

На второто место е славниот водител Џејмс Корден, а потоа следат актерките Софи Тарнер, Ана Кендрик и Лупита Нјонг’о. Меѓу првите десет се и Џими Фалон, Џеки Чен, Лил Вејн, Ники Минаж и Теса Томпсон.

Истражувањето предупредува на опасноста на кликање сомнителни линкови и посета на сомнителни интернет страници.

Експертите велат дека Бледел веројатно се најде на врвот на листата поради нејзината улога во популарната серија „The Handmaid’s Tale“.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.