x

Најпопуларни поклони за претстојните празници ќе бидат оние со логото на Apple!

Категорија: Занимливости Објавено на 05 Декември, 2016 од GSM.mk

Истражувањето спроведено во САД покажало дека меѓу најпопуларните поклони за претстојните празници ќе бидат оние со логото на Apple. Во текот на празничната сезона ќе се купуваат многу поклони и за тоа ќе бидат потрошени милијарди долари

Во САД, компанијата Piper Jaffray го направи традиционалното истражување за најпосакуваните поклони, а резултатите покажуваат дека број 1 поклон е Apple iPhone. Така дури 7,2 проценти од испитаниците рекле дека најпосакуван поклон за празниците и за нова година ќе биде популарниот смартфон на Apple.

Тоа е зголемување во однос на минатата година, кога ваков поклон посакуваа пет проценти од испитаниците, но таа бројка сепак е помала од 2014 кога iPhone посакувале 8,6 проценти од анкетираните.

На второто место е уште еден производ на Аpple - лаптопот MacBook, кој е најпосакуван поклон за 2,1 проценти од испитаниците.

Третата позиција и припаѓа на Microsoft XBox играчката конзола која ја посакуваат 1,4 проценти од испитаниците, додека останатите гаџети што луѓето ги посакуваат под елката се паметни часовници, PlayStation 4 конзоли, GoPro камери, беспилотни летала и слично.

Производите на Apple се најпосакувани меѓу тинејџерите, а неодамнешното истражување што го спровела компанијата покажува дека најголемиот број од младите посакуваат некој од моделите на iPhone како свој следен смартфон.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.