x

Најпопуларното на Instagram: Локации, смајлиња, хаштази...

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 11 Декември, 2016 од GSM.mk

Како што се ближи крајот на годината, така излегуваат статистиките за повеќе нешта. Па така Instagram, најпопуларната социјална мрежа за споделување на фотографии, ги објавува своите податоци за најпопуларните нешта на ова интернет место.

Веќе пишувавме за најпопуларните личности и фотографии на Instagram, а овојпат се фокусираме на најпопуларните локации, емотикони, хаштази и деновите во кои се споделувале најмногу фотографии на Instagram во 2016 година.

Најпопуларниот Instagram хаштаг за 2016 е #love.

Најупотребуваните Instagram филтри се:

  1. Clarendon
  2. Gingham
  3. Juno
  4. Lark
  5. Moon

Меѓу локациите од каде има најмногу споделени фотографии на Instagram годинава, се: Дизниленд парковите, Централ Парк, Тајм Сквер, Ајфелова кула и други.

Во однос на најпопуларните емотикони на оваа социјална мрежа за 2016-та, погледнете ги топ десетте илустрирани во инфографик.

Кога станува збор за деновите во годината кога најмногу се споделуваа фотографии, топ десетте се:

  1. Халоувин – 31.10.2016
  2. 11 септември
  3. Финалето на европското првенство во фудбал – 07.10.2016
  4. ИЗборите во САД – 06.11.2016
  5. Олимпијада – 14.08.2016 
  6. Американскиот ден на татковците 19.06.2016
  7. Париската модна недела – 01.10.2016
  8. Американскиот ден на мајката – 08.05.2016
  9. Првиот ден од годината – 01.01.16
  10. Велигден – 27.03.2016
Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.