x

Најскапиот Huawei уред ќе биде поскап и од iPhone X

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Септември, 2017 од GSM.mk

Доколку планирате да ги чекате Huawei Mate 10 или Mate 10 Pro, наместо да купите некој од новите iPhone 8 модели, не го правeте тоа само поради високата цена. Дури и iPhone X, чија цена ќе биде 1000 долари, ќе биде поскап од новите Huawei модели..

Според новите информации, моќниот Huawei Mate 10 Pro ќе чини 1,138 долари и ќе доаѓа со 8GB RAM и 256GB меморија. Другите три Mate 10 Pro модели ќе чинат 1024, 941 и 835 долари, за верзии со 6GB RAM / 256GB ROM, 6GB RAM / 128GB ROM и 6GB RAM / 64GB ROM.

Од друга страна, најскапиот Huawei Mate 10 модел ќе вклучува 6GB RAM и 256GB меморија и ќе чини "само" 850 долари. Другите две верзии ќе чинат 744 долари (6GB RAM / 128GB ROM) и 653 долари (4GB RAM / 64GB ROM).

Вреди да се напомене дека ова се цените по кои уредите ќе се продаваат во Кина, каде компаниите ги продаваат своите производи по пониски цени, што значи дека на другите места од светот најверојатно ќе бидат малку поскапи. Ги очекуваме на 16 октомври. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.