x

Најскапите слушалки во светот се украсени со дијаманти

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 10 Јануари, 2017 од GSM.mk

Меѓу многуте уреди и различни производи што се изложуваат на овогодинешниот CES 2017 саем за електроника во Лас Вегас, своја премиера имаа и овие слушалки за богаташи, украсени со дијаманти.

Дијамантските слушалки се дело на интернационалната компанија за производство на електронски уреди, Onyko. Станува збор за парче електроника но и моден детаљ, украсен со 20-каратни дијаманти. 

Во зависност од бројот и типот на дијаманти, овие слушалки може да чинат од 80.000 до 200.000 долари. 

Компанијата вели дека спецификациите не се главниот адут на овие слушалки, па затоа квалитетот на звукот не е најважен, туку изгледот на слушалките.

Истите сега за сега ќе бидат достапни само за богати клиенти и познати личности, кои ќе бидат поканети да ги купат. 

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.