x

Напуштањето на Facebook во голема мерка го намалува стресот кај луѓето

Категорија: Занимливости Објавено на 09 Април, 2018 од GSM.mk

Не е мала бројката на луѓе кои размислуваат за потполно напуштање на Facebook и бришење на својот профил на оваа социјална мрежа, после неодамнешниот скандал со кршење на приватноста на корисниците од страна на компанијата Cambridge Analytica.

Покрај тоа, научниците тврдат дека овој потег може да биде прилично добар кога е здравјето во прашање.

Неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот Квинсленд, покажа дека напуштањето на Facebook за многу кратко време го намалува нивото на стрес.

Од вкупно 138 корисници на оваа социјална мрежа вклучени во истражувањето, една половина прекинала да ја користи оваа социјална мрежа во период од пет дена.

Научниците го мереле нивото на хормонот кортизол, познат како хормон на стрес, пред и после експериментот.

Врз основа на тие мерења, откриле дека нивното ниво на патолошки стрес било намалено.

Меѓутоа, учесниците сами пријавиле дека се чувствуваат „помалку добро“, после пет дена некористење на оваа социјална мрежа.

„Тие луѓе тврдат дека во поголема мерка се чувствувале незадоволно со својот живот, како и дека едвај чекале да им се вратат на своите Facebook активности“, вели лидерот на истражувачкиот тим, доктор Ерик Венман.

„Тие чувствуваа дека во нивниот живот нема доволно содржина, поради исклученоста од настаните на социјалните мрежи“, заклучи тој.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.