x

Наскоро доаѓа Apple Watch 2?

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 20 Јуни, 2016 од GSM.mk

Веќе подолго време се шпекулира за можен наследник на Apple Watch, кој е претставен дури во септември, 2014-та година. Дали конечно ќе видиме нов модел?

Шпекулациите се повеќе се засилуваат за овој уред, особено по огромниот број на новости со претставувањето на Watch OS 2.0 верзијата на оперативниот систем. Според DigiTimes, Apple се подготвува да го лансира часовникот во втората половина од 2016-та година.

Наводно, челниците на компанијата претпоставуваат дека би продавале по 2 милиони единици месечно, што за аналитичарите претставува оптимистичка бројка. Новата верзија на часовникот би можела да дојде со кружен дизајн, слично како Moto 360 и Gear S2.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.