x

Наскоро доаѓа Huawei MediaPad M3 Lite!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 26 Април, 2017 од GSM.mk

Претходната недела беа претставени два нискобуџетни Huawei таблети, познати под името MediaPad T3. Но, компанијата се припрема за претставување на уште еден таблет наскоро:

Не станува збор за нова верзија од MediaPad T3, туку за неговата таканаречена Lite верзија. MediaPad M3 Lite ќе работи на Android 7.0 Nougat. Доаѓа со 10 инчен дисплеј, 3GB RAM и 32GB меморија. 


Кинеската компанија ќе претстави две верзии од уредот, кој ќе се продаваат по различни цени.Таблетот кој ќе биде само со WiFi, ќе се продава по цена од 330 долари, а оној со LTE ќе чини 380 долари. 

Сега останува да видиме само кога Huawei планира да ги претстави уредите. Stay tuned! :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.