x

Наскоро доаѓа нов, мистериозен Nokia X

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Април, 2018 од GSM.mk

По претставувањето на неколку нови уреди на MWC 2018 настанот, вклучувајќи ги Nokia 6 (2018) и Nokia 8 Sirocco, HMD Global се припрема да најави уште еден нов смартфон, наречен Nokia X.

Веќе се појавија неколку реклами кои го промовираат Nokia X во Кина, каде новиот телефон ќе биде најавен на крајот од месецот, на 27 април. Како што може да видите од фотографиите подолу, на рекламите може да се забележи дизајнот на уредот. 

Според гласините, Nokia X ќе има две верзии, со 4 и 6GB RAM, придружени или од Snapdragon или од MediaTek процесор. Најверојатно ќе биде смартфон од средната класа. 


Сега за сега, не се знае дали Nokia X е наменет за глобалниот пазар, или ќе биде достапен само во Азија. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.