x

Наскоро доаѓа офлајн YouTube апликација!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 01 Октомври, 2016 од GSM.mk

Google наскоро ќе лансира нова апликација, наречена YouTube GO, која ќе ви овозможи да гледате видеа додека немате интернет. Би рекле, крајно време беше!

Апликацијата првично ќе биде лансирана во Индија, а Google ја опишува како офлајн YouTube, со можност за поврзување со вашите најблиски пријатели. Апликацијата функционира како стандардниот YouTube, со Home page и Subscriptions, но имате можност да направите preview на видеото пред да го гледате или симнете на вашиот телефон.

Исто така, пред да пуштите видео, самите го одбирате квалитетот на снимката и со тоа добивате проценка колку мегабајти ќе потрошите на него. Целта е сервисот да се пробие во земјите со низок квалитет на живот и економски приходи, како Индија, каде што корисниците имаат лимитиран мобилен интернет.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.