x

Наскоро доаѓа златен OnePlus 5!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Август, 2017 од GSM.mk

Пред некој ден, дознавме дека OnePlus ќе претстави нова верзија од OnePlus 5, која најверојатно ќе биде во нова боја...

Amazon India постираше нов официјален постер на својата страна на кој пишува "5omething new" и "coming soon", а на сликата се наоѓа OnePlus 3 во три верзии, Slate Gray и Midnight Black, кои веќе се достапни, и трета, мистериозна, верзија. 



Во линкот од постерот е вклучен зборот "gold" (златен), поради што претпоставуваме дека станува збор за нова, златна, верзија од уредот. Slate Gray и Midnight Black моделите не се разликуваат многу на изглед, додека златна варијатна би отстапувала. Останува да видиме дали уредот ќе доаѓа со 6GB RAM и 64GB меморија (како Slate Grey) или со 8GB RAM и 128GB меморија (како Midnight Black моделот). 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.