x

Наскоро ќе добиеме Android 7.1 верзија?

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 30 Август, 2016 од GSM.mk

Минатата недела започна апдејтирањето на Nexus уредите на најновата 7.0 верзија на Android, која го носи името Nougat. Но, набрзо би можеле да добиеме нов апдејт?

Според извори блиски до Google, Android 7.1 верзијата веќе се тестира кај американскиот гигант позади затворени врати. Би требало да биде достапна уште во септември, заедно со излегувањето на новите Marlin и Sailfish телефони, кои ќе бидат дел од Nexus линијата и ќе бидат произведени од страна на HTC.

Новата верзија ќе донесе оптимизации и ќе поправи дел од проблемите со кои ќе се соочат корисниците во наредните неколку недели. Google вети дека ќе прави апдејти на Android на регуларна основа, што е дефинитивно за пофалба.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.