x

Наскоро ќе може да гледате YouTube видеа на WhatsApp!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 22 Јули, 2017 од GSM.mk

WhatsApp претстави нов update кој ќе им се допадне на корисниците!

Пред некое време, WhatsApp претстави нова функција со која може да праќате било каков тип документ преку апликацијата. Но, наскоро ваквата опција ќе биде надополнета.

Нов update на апликацијата за iOS воведе нова опција благодарение на која може да гледате YouTube видеа директно преку WhatsApp. Иако сеуште се усовршува, опцијата ви дозволува да го гледате видеото директно во апликацијата или да го отворите во ново прозорче. Дури може да го сместите прозорчето на левата или десна страна од екранот и да продолжите да го читате разговорот. Функцијата работи на iPhone 6 и поновите уреди, но би требало да е компатабилна и за оние со помал дисплеј. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.