x

Наскоро ќе може да купувате алкохол и цигари само со вашиот смартфон!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Март, 2019 од GSM.mk

Замислете ситуација во која ве застанува полиција додека возите и наместо дозвола, бара од вас да го поврзете својот телефон со неговиот. Која би била користа од тоа?

Според XDA, Google работи на нов начин со кој возачките дозволи ќе може безбедно да бидат зачувани на вашиот уред и испратени на мобилниот уред на полицијата, по потреба.

Со дигитална возачка дозвола, лесно ќе можете да ја обновувате без да поминувате неколку часа чекајќи во редови, губејќи време. Истотака, со мобилни платформи за плаќање, како Apple Pay, Samsung Pay и Google Pay, сите снабдени со виртуелни новчаници, кога ќе одите на шопинг, се што ќе треба да носите со вас е вашиот смартфон. Во некои држави во Америка, дигиталната возачка дозвола е веќе прифатена и може да се користи за проверување на датум на раѓање при купување на алкохол или цигари.

Според креаторите на ваквата опција, главната идеја е преку вашиот телефон да ги споделите потребните информации со надлежното лице. Откако ќе го отклучите вашиот уред, се што треба е само да напишете лозинка и споделувањето ќе започне.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.