x

Наскоро пристигнува новиот iPhone SE 2

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 08 Октомври, 2019 од GSM.mk

Компанијата Apple наскоро ќе го претстави наследникот на едниот од најпопуларните iPhone уреди – iPhone SE 2.

iPhone SE е еден од најпродаваните телефони и најверојатно најпопуларен iPhone модел досега. Освен батеријата, овој телефон нема никаков проблем, според критиките од корисниците.

Новиот модел на Apple е најавен за првото тримесечје во наредната година. Ќе изгледа како iPhone 8S, но ќе го има чипот Apple Bionic A13.

Спецификации: густина на слика 326 пиксели по инч, LCD, 3 GB RAM, 64 GB меморија, lightning port, Touch ID копче и камера која ќе биде слична на онаа на iPhone 11, но ќе биде со една леќа.


Новиот iPhone ќе изнесува 399 долари или околу 360 евра.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.