x

Наскоро пристигнува Olive Green OnePlus 7T со 256GB меморија!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Октомври, 2019 од GSM.mk

Досега OnePlus 7T беше достапен во две бои, сина и сребрена, но сега се појавија информации и за уште една верзија...

Според новите информации, OnePlus работи на "Olive Green" (маслинесто зелена) верзија од новиот 7T покрај веќе познатите Glacier Blue (сина) и Frosted Silver (сребрена). Покрај бојата, знаеме дека овој модел ќе има и 8GB RAM и 256GB меморија. Доколку гласините се точни, оваа варијанта ќе биде достапна за неколку месеци, пред крајот на годината. 

Како мало потсетување, OnePlus 7T доаѓа со Snapdragon 855+, 6.5 инчен Fluid AMOLED дисплеј со waterdrop notch. Од други функции ќе вклучува Android 10, Warp Charge 30T и батерија од 3,800mAh.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.