x

Научно е докажано дека гејмањето на работа го намалува стресот!

Категорија: Занимливости Објавено на 25 Септември, 2017 од GSM.mk

Дали знаевте дека 50% од светската популација покажува симптоми на стрес, замор и анксиозност на работа? Веројатно веќе го знаевте тоа, но можеби не знаевте интересен начин на кои може да се ослободите од нив...

Големи се шансите и вие да сте од тие 50% кои покажуваат вакви симптоми. Па, можеби кога се чуствувате уморно, сакате да поиграте некоја мобилна игра, со цел да се смирите. Но, потоа се чувствувате виновно што наместо да работите, напразно го губите времето поради што чувствувате уште поголем замор и стрес. 

На ваша среќа, според новите истражувања на универзитетот во Флорида, гејмањето е одличен начин да го одморите, а истовремено и да го поттикнете мозокот повторно да работи, откако ќе го натрупате со долги и досадни задачи на работното место. 

Истражувањето вклучувало 66 учесници, на кои им биле дадени секојдневни и здодевни компјутерски задачи, специјално дизајнирани да го изморат мозокот. Потоа, им било дадено време за одмор, каде биле поделени во 3 групи: на првата и било дадено да игра мобилна игра, наречена Sushi Cat 2; втората група одмарала во тишина, без пристап до мобилни уреди, додека пак третата учествувала во вежби за релаксација. 

Интересно е што само оние кои играле се чуствувале подобро после паузата. Оние кои седеле во тишина се чувствувале заморно и виновно што седат и не работат, а третата група пријавила намалени негативни чувства и вознемиреност. 

Значи, следниот пат кога ќе гејмате на вашиот телефон при пауза, не се чувствувајте виновно, бидејќи тоа е најдобар начин да се ослобите од стресот. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.