x

Не ги правете овие работи на социјалните мрежи

Категорија: Совети Објавено на 15 Мај, 2018 од GSM.mk

Животот во последните десетина години стана незамислив без социјални мрежи, па затоа добро е да внимавате што правите на вашите профили за да избегнете забрана од нив. На пример, дали знаете дека на Tinder не смеете да побарате пари?

Социјалните мрежи се направени за да нѐ зближат, но тоа не значи дека тие немаат правила и таму е дозволено да правите сѐ што ќе посакате.

Snapchat ги забрани сите надворешни алатки и апликации за правење скриншот. Голем број од луѓето користеа надворешни апликации за да прават скриншот на snap-овите, но од Snapchat решија дека нема да дозволат тоа да продолжи бидејќи ризикот е преголем дека ваквите апликации ги прават профилите помалку отпорни на хакери, па приватни фотографии можат да бидат пуштени во јавност без согласност на сопственикот. Ако Snapchat ја нема направено апликацијата, не смеете да ја користите.

Кај Tinder има едно интересно правило кое ве спречува да побарате пари од другите корисници, дури и да се шегувате за тоа. Оваа социјална мрежа за состаноци го забрани барањето на пари од очигледни причини, бидејќи не сакаат да станат ланец на проституција.

И покрај постојаните барања и петиции, Instagram и понатаму забранува голотија. На сликите и видеата на оваа социјална мрежа не смеат да се гледаат гениталии, експлицитни делови од телото, па ниту женски брадавици. Сепак, има неколку исклучоци. Голите брадавици смеат да бидат покажани доколку се работи за уметничко дело (слика, скулптура) или ако жената е покажана како активно дои бебе.

Една од мрежите кои кај нас не е достапна, Uber, најстрого забранува корисниците на нивните услуги да имаат секс во автомобилот обезбеден од оваа компанија.

Уште една работа која не е забранета според правилата на мрежата, но може да се случи е суспензијата која можете да ја добиете доколку се спријателите со многу луѓе одеднаш на Snapchat. За да го избегнете суспендирањето, ќе треба да се регистрирате со вашата e-mail адреса или вашиот телефонски број. Во спротивно, Snapchat ќе ве означи како спамер и ќе го третира вашиот профил како бот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.