x

Не можете да деинсталирате Android апликација? Ова е решението!

Категорија: Совети Објавено на 23 Декември, 2018 од GSM.mk

Симнувањето на Android апликација на вашиот уред е лесен процес, кој може да го завршите со само неколку клика. Нејзиното бришење, од друга страна, може да биде комплицирано..

Доколку не можете да деинсталирате Android апликација, најверојатно станува збор за еден од овие два проблеми:

1. Апликацијата е наместена како администратор

За да ја оневозможите оваа опција, одете во Settings-"Security"  и отворете "Device Administrators". На Samsung уредите, опцијата се наоѓа во "Lock Screen and Security" > "Other security settings". Тука, се што треба е да проверите дали одредената апликација е штиклирана. Доколку е така, отстранете ја. Потоа, апликацијата би требало да може да ја отстраните.

How to uninstall device admin apps

How to uninstall device admin apps

How to uninstall device admin apps


2. Апликацијата е дел од Android системот

Т.н Bloatware е проблем со кој се среќаваат голем дел од корисниците. Станува збор колективен софтвер кој компаниите сами го инсталираат на уредот. Во поглем дел од ситуациите, апликациите кои се наоѓаат во него е невозможно да се деинсталираат, бидејќи се дел од оперативниот систем.

Сепак, има едно решение. Една од нив е да ја го "оневозможите" користењето на апликацијата. На овој начин ќе го исклучите нејзиното користење и истовремено ќе спречите да искористува голем дел од меморијата. Се што треба е да одите во Settings менито и да видите дали кај апликацијата има "Disable" или "Turn off" опција.

Pre-installed apps can only be disabled

Pre-installed apps can only be disabled


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.