x

Не ти текнува на песната? Запеј на Google!

Категорија: Занимливости Објавено на 19 Октомври, 2020 од GSM.mk

Не ви текнува на текстот или името на песната, ама можете да ја потпевнете или свиркате мелодијата?

Најавени се неколку ажурирања за апликацијата Google Search, а вештачката интелигенција сè уште се користи за подобрување на корисничкото искуство.

Сега е доволно да знаете барем приближно како оди мелодијата на песната на чиј наслов и изведувач не можете да се сетите.

URL

Кога ќе го отворите Google Search, можете да го испеете или свиркате делот што го памтите и со опцијата Search a song (Пребарај песна) погледнете што ќе ви каже Google.

Внесувањето треба да трае од 10 до 15 секунди, така што алгоритмот има доволно материјал за да најде соодветна песна во базата на податоци.

Функцијата во моментов е достапна на англиски јазик за iOS и на околу 20 јазици за Android, а наскоро се планира и воведување нови јазици.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.