x

Некои iPhone X уреди имаат чудни проблеми со екраните

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Ноември, 2017 од GSM.mk

Некои iPhone X корисници споделија дека имаат проблеми со своите уреди, бидејќи на екраните се појавува чудна зелена линија..

Корсниците на смартфонот се жалат дека на левата страна од OLED панелите се појавила зелена линија. Една теорија е дека проблем со електричниот систем ги осветлува пикселите на таа страна од екранот, почнувајќи од врвот па се до долниот дел на дисплејот, предизвикувајќи ја зелената линија.

Ваков сличен проблем имаа и дел од корисниците на Galaxy S7 edge, каде на екранот на уредот се појавуваше розева линија на сличен начин. Samsung откри дека станува збор за проблем со хардверот. 

Барем еден од корисниците веќе го има вратено уредот во Apple продавницата, каде веднаш бил заменет со нов. Ова ни кажува две работи. Прво, дека станува збор за проблем кој неможе да се среди со софтверски update. Второ, дека Apple веднаш ги заменува уредите кои имаат ваков проблем. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.