x

Неколку лесни чекори за професионални портрет фотографии со вашиот iPhone X

Категорија: Совети Објавено на 18 Август, 2018 од GSM.mk

Доколку сте сопственик на новиот iPhone X, не само што го имате луксузот да правите одлични фотографии со главната камера, туку и одлични портрети со секундарната камера. Но, еве неколку совети кои ќе ги направат вашите слики уште подобри:

Во новиот iPhone X, Apple има додадено низа функции и подобрувања кои ги прават вашите фотограгфии квалитетни и одлични. Но, како може најдобро да ја искористите Portrait опцијата која ја нуди секундарната камера? Како може да ги доведете вашите фотографии до следното ниво? 

Да ве запознаеме со неколку лесни чекори кои ќе придонесат за подобри и незаборавни портрети.


1. Замаглете ја позадината со Portrait Mode

How to take professional quality portraits with your iPhone X

Се разбира, првиот чекор е да ја направите фотографијата. Отворете ја камерата, одете на Portrait Mode и обезбедете растојание од најмалку половина метар од предметот кој ќе го фотографирате. Но, пред да ја направите фотографијата, проверете дали предметот е добро осветлен и да нема никакви пречки или премногу осветлени предмети до него. Откако ќе завршите со подготовката, конечно може да ја направите фотографијата. 

За дел од корисниците, ова е доволно. Но, во други ситуации можеби сте во потрага во уште попрофесионални и подобри слики:


2. Користете го "волшебното стапче" 


Постојат низа одлични апликации за трансформирање на сликите во Apple App Store, но најлесниот начин за тоа е преку користење на т.н магично стапче. Се што треба е да ја одберете фотографијата, кликнете edit, a потоа на стапчето кое се наоѓа во десниот горен агол. Ова ќе ви овозможи да ја осветлите фотографијата, како и низа други природни подобрувања со само едно копче. 


3. Експериментирајте со црно-бели ефекти

How to take professional quality portraits with your iPhone X

How to take professional quality portraits with your iPhone X

Последно, доколку имате многу бои во фотографијата, може да изгледа хаотично. Добар начин да се ослободите од бои кои не изгледаат како што треба е со едноставно користење на црно-бел ефект. 

How to take professional quality portraits with your iPhone X

Постојат низа одлични B&W ефекти преку самата апликација за камерата на iPhone X, како и апликации со кои може да изберете кој дел од фотографијата сакате да биде во боја, а кој црно-бел. Некои сметаат дека црно-белите фотографиии успеваат подобро да ја пренесат длабочината на фотографијата. 

Се надеваме дека дел од овие совети ќе ви бидат корисни :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.