x

Неколку совети за побезбедна електронска пошта

Категорија: Совети Објавено на 20 Ноември, 2017 од GSM.mk

Електронската пошта воопшто не е безбедна, најчесто невнимателноста може да ја загрози вашата приватност и безбедноста на податоците. Овие неколку совети можат да бидат корисни за побезбедна електронска пошта.

1. Добра лозинка

Ако вашата лозинка е едноставна тоа значи дека нема да биде тешко нејзиното откривање, затоа треба да ја направите што потешка. Лозинката колку што е подолга толку потешко се пробива. Избегнувајте да ставате имиња, места  и слично, мешајте ги малите и големите букви со броеви.

2. Не отворајте сомнителни пораки

Дури и кога изгледа дека се пратени од луѓе што ги познавате, треба да бидете внимателни. Ако станува збор за содржина што не сте ја барале, ако пристигне порака од сомнителна адреса подобро е да не ја читате.

3. Не испраќајте лични податоци

Никогаш немојте да ги испраќате вашите лични податоци преку имејл. Лозинките, бројот од сметка во банка и сличните податоци можат лесно да бидат злоупотребени. Не треба да ги испраќате на никого, ниту во банка, ниту на пријател, ниту на своите родители.

4. Размислете двапати пред да се логирате

Под претпоставка дека сте ја обезбедиле домашната мрежа логирањето на вашиoт имејл би требало на некој начин да биде безбедно. Но, на секое друго место особено на јавните Wi-Fi мрежи, треба да бидете внимателни, пишува Make Use Of.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.