Нема веќе „лајк“ на Facebook страници
Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Јануари, 2021 од GSM.mk
Facebook ја укинува опцијата „лајк“ за јавни страници што ги користат уметници, јавни личности и брендови, соопшти компанијата.

Со новиот редизајн на социјалната мрежа, на страниците на Facebook ќе бидe прикажано само копчето Follow и ќе може да се види бројот на следбеници.
Ќе има наменски News Feed каде корисниците можат да се приклучуваат на разговори, да комуницираат и да стапат во контакт со обожавателите, објави компанијата на својот блог.
„Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците за да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, соопшти Facebook во врска со редизајнот.
Извор: kajgana.com
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.