x

Netflix го зголеми квалитетот на стримување во неколку земји

Категорија: Занимливости Објавено на 21 Мај, 2020 од GSM.mk

Netflix започна со враќање на нормалниот квалитет на стримување во неколку европски земји откако претходно го намали квалитетот за да се намали оптовареноста на интернет провајдерите.

Корисниците на Netflix во Данска, Норвешка, Германија и други земји забележаа подобрување на квалитетот на стримувањето, а Netflix потврди дека соработува со провајдери за подобрување на квалитетот.

Откако Европската унија од Netflix побара да го намали квалитетот на стриминг, компанијата прифати да го направи тоа во период од 30 дена за да го намали прометот на Netflix на европските мрежи.

Тиери Бретон, европски комесар за Internal Market, претходно рече дека корисниците не треба да користат HD [high-definition] „кога не е потребно“.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.