x

Netflix ќе снима серија според Сто години самотија на Маркес

Категорија: Забава Објавено на 21 Март, 2019 од GSM.mk

Американската ТВ платформа и продукциска куќа Netflix соопшти дека ќе сними телевизиска серија според познатиот роман на Габриел Гарсија Маркес – „Сто години самотија“, откако ги доби авторските права од семејството на колумбискиот книжевник.

Netflix ги доби правата за ремек-делото на Маркес. Првпат неговото семејство ги отстапува правата за екранизација на некое негово дело.

Епската приказна „Сто години самотија“ од 1967 година е продадена во над 50 милиони примероци и преведена на повеќе од 40 јазици.

Маркес, добитникот на Нобеловата награда за книжевност од 1982 година, почина 2014 година во Мексико. Се смета за еден од најголемите писатели од шпанското говорно подрачје.

Засега не се знае кога ќе почне снимањето на серијата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.