x

Netflix подготвува Stranger Things игра во 2020 година!

Категорија: Забава Објавено на 18 Јуни, 2019 од GSM.mk

Додека ја чекаме третата сезона од Stranger Things, официјално достапна на 4 јули, Netflix најави нова игра со карактерите од серијата...

Во соработка со Next Games, креаторите на The Walking Dead игрите, бесплатната Stranger Things игра ќе биде достапна во 2020 година за Android и iOS платформите. Според Netflix, играта ќе биде сместена во Stranger Things универзумот во стил на цртан од 80-тите. Со помош на Google Maps и навигација, корисниците ќе може да го истражуваат The Upside Down светот кој се наоѓа околу нив.

Сеуште не знаеме кога официјално ќе биде достапна, како и дали ќе излезе во исто време со нова сезона од серијата, но сега за сега е сигурно дека ќе биде бесплатна.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.