x

Netflix во соработка со Samsung за екслузивни Galaxy S20 функции!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Февруари, 2020 од GSM.mk

Galaxy S20 серијата доаѓа со неколку нови и интересни функции, а дел од нив вклучуваат и ново партнерство со Netflix...

Netflix најави долгорочно партнерство со Samsung, почнувајќи со Galaxy S20 серијата. Покрај прекрасниот AMOLED дисплеј и 5G конекцијата во комбинација со Netflix high-def HDR, ќе постои уште една предност за S20 корисниците кои се Netflix фанови. 

Една од овие функции го вклучува виртуелниот асистент на компанијата кој ќе може да пребарува филмови и серии за сопствениците. Како дополнување на тоа, на познати директори ќе им бидат дадени Galaxy S20 камери од Samsung, со цел Netflix да може да додаде дополнителни содржини околу познатите Netflix Originals серии, како Narcos и слично. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.