x

Nintendo ја оживеа Game and Watch, една од најстарите рачни конзоли

Категорија: Забава Објавено на 19 Ноември, 2020 од GSM.mk

Nintendo ги израдува гејмерите со претставувањето на една од нивните најстари рачни конзоли, Game & Play oд 80-тите.

Конзолата Game & Watch е претставена во 1980 година и се произведуваше до 1991 година. Оваа конзола е заслужна за успехот на Nintendo.

Nintendo ја продаваше рачната видеоигра Game & Watch пред Game Boy. Ако мислевте дека новиот Game & Watch ќе биде многу помодерен и посовремен, се лажете. Јапонскиот произведувач не сакаше да го менува оригиналниот изглед на конзолата, но уградија LCD екран во боја.

Game & Watch се полни со USB-C кабел, а е достапен во златна и црвена боја. Доаѓа со три Super Mario игри.

Уредот чини 49,99 долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.