x

Nintendo со рекордна продажба на конзолите Switch

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Април, 2017 од GSM.mk

Switch дефинитивно е најпродаваната конзола на Nintendo на сите времиња: компанијата во првиот месец продаде речиси еден милион примероци.

Според податоците од Nintendo, во текот на првиот месец продала вкупно 906.000 конзоли Switch.

Конзолата Wii U во првата недела се продаде во 400.000 примероци и речиси 890.000 примероци во првите шест недели, иако во 2012 година се појави за време на празниците, во ноември.

Switch има огромна предност, а тоа е новата игра "Zelda: Breath of the Wild" што е продадена во 1,3 милиони примероци, од кои на верзијата на играта за Switch отпаѓаат 925.000 копии.

Производството на Switch засега не може да ја стигне побарувачката, но од Nintendo велат дека прават сѐ што можат за да ја добијат сите кои сакаат да ја купат.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.