x

Nokia 3: Солидни спецификации и ниска цена!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 25 Август, 2017 од GSM.mk

Како што сите знаеме, легендарното име Nokia се врати на пазарот по неколку години пауза. Компанијата веќе претстави неколку телефони, меѓу кои беше и Nokia 3. Да погленеме што нуди смартфонот:

Најпрво, сите заинтересирани може да го најдат Nokia 3 во Ledikom.mk, по цена од 10990 денари. 

Nokia 3 беше најавен во февруари и претставен на почеток од летото, во јуни. Доаѓа со 5 инчен дисплеј и резолуција од 720x1280 пиксели. Под хаубата, се наоѓа Mediatek MT6737, заедно со 2GB RAM и 16GB меморија. Работи на батерија од 2630mAh и Android 7.0 (Nougat). 

Од задната страна, се наоѓа 8 мегапикселна камера со автофокус и LED блиц. Селфи камерата е, истотака, од 8 мегапиксели. Достапен е во сина, црна, бела и сребрена боја. 

Позитивности:

  • Одличен дизајн
  • Атрактивна цена

Негативности:

  • Нема скенер за отпечатоци
  • Средноквалитетни камери

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.