x

Nokia 3.1 Plus пристигнува оваа недела со 6 инчен дисплеј?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Октомври, 2018 од GSM.mk

Октомври ќе биде интересен месец за HMD Global. Пред неколку дена се запознавме со Nokia 7.1, а сега се појавија нови информации за уште еден Nokia уред..

Пред недела дена, HMD Global потврди дека ќе одржи настан во Индија на 11 октомври. Според постерите кои се појавија, компанијата планира да претстави мистериозен уред со "мега дисплеј", кој се зборуваше дека најверојатно ќе биде Nokia 7.1 Plus. 

Сепак, наместо 7.1 Plus, компанијата планира да го најави Nokia 3.1 Plus. За разлика од другите Plus модели, Nokia 3.1 Plus ќе доаѓа со стандарден дисплеј. Имено, станува збор за традиционален, 6 инчен дисплеј со 18:9 сооднос и минимални рамки од страните. На задната страна има стаклена конструкција на која се наоѓаат две камери, како и скенерот за отпечатоци. Главаната камера ќе биде од 13 мегапиксели, придружена од секундарна камера од 5 мегапиксели, додека селфи камерата ќе биде од 8 мегапиксели. Во внатрешноста ќе се наоѓа MediaTek процесор и батерија од 3,500mAh.

Повеќе информации очекуваме наскоро.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.