x

Nokia 6 (2018): Спецификации и фотографии

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Декември, 2017 од GSM.mk

Еден од најголемите настани во светот на технологијата беше враќањето на Nokia на пазарот. Всушност, брендот е управуван од HMD Global компанијата, која оваа година претстави 5 различни телефони. Во 2018, ќе го претстави својот следен уред..

Веќе започнаа гласините за спецификациите на Nokia 6 (2018). Досега, се зборуваше дека ќе работи на Snapdragon 660 и 4GB RAM. 

Според новите информации, уредот ќе доаѓа со Snapdragon 630 и 4GB RAM. Истотака, познато е дека ќе има 32GB меморија и 18:9 тело-дисплеј сооднос. Сеуште не знаеме повеќе информации за телефонот, но бидејќи неговиот претходник беше претставен на 7 јануари, Nokia 6 (2018) го очекуваме некое време во јануари, следната година. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.