x

Nokia 8.3 5G: Карактеристики

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Јуни, 2020 од GSM.mk

Nokia 8.3 5G, кој беше најавен во март од HMD Global, наскоро ќе биде претставен:

Nokia 8.3 5G пред неколку дена се појави на официјалната страна на Amazon, заедно со дел од карактеристиките. Ќе доаѓа со 5G поддршка и дефинитивно ќе биде претставен до крајот на летото.

Nokia 8.3 5G Switzerland listing - Nokia 8.3 5G appears on Amazon

Во однос на карактеристики, станува збор за уред од средна класа. Ќе работи на Snapdragon 765G со 6 или 8GB RAM и 64 или 128GB меморија. На предниот дел ќе има 6.8 инчен LCD дисплеј и селфи камера од 24 мегапиксели. Системот камери на задниот дел ќе биде од четири сензори - главна од 64 мегапиксели, ултраширокоаголна од 12 мегапиксели, 2 мегапикселна макро леќа и 2 мегапикселен сензор за портрети.

Цената на Nokia 8.3 5G ќе биде околу 600 евра во Европа.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.