x

Nokia 9 (2018) ќе доаѓа со скенер за отпечатоци во дисплејот?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Март, 2018 од GSM.mk

Иако сеуште ненајавен, веќе се појавија шпекулации за спецификациите и изгледот на Nokia 9 (2018)..

Пред неколку недели, дознавме дека уредот најверојатно ќе доаѓа со 5.7 инчен дисплеј, резолуција од 1440x2560 пиксели и 18:9 сооднос. Во внатрешноста, ќе се наоѓа Snapdragon 835, придружен од 4GB RAM и 256GB меморија. Батеријата ќе биде од 3250mAh. 

Последно, се зборува дека ќе доаѓа со две камери и на задната и на предната страна. На задната камерите ќе бидат од 13 мегапиксели, а на предната од 5 мегапиксели. Истотака, скенерот за отпечатоци ќе биде вметна под дисплејот. На предната страна, рамките ќе бидат минимални, а ќе биде изработен од алуминиум. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.