x

Nokia 9 и Nokia 8 (2018) ќе бидат претставени на 19 јануари

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 05 Декември, 2017 од GSM.mk

Изгледа дека Nokia 9 сепак ќе биде претставен по завршувањето на оваа година. Но, добрите вести се што ќе треба да чекаме помалку од два месеци..

Според новите информации, HMD ќе одржи настан на 19 јануари во Кина. На него, се очекува компанијата да претстави два уреди, Nokia 9 и подобрена верзија на Nokia 8. На почетокот, уредите ќе бидат наменети само за кинескиот пазар.

Nokia 9 ќе доаѓа со 5.5 инчен Quad HD панел, 6GB RAM и 64/128GB меморија. Двата уреди ќе вклучуваат "all-screen" дизајн, 18:9 сооднос, Snapdragon 835, дуален систем камери и водоотпорност. 

На крај, познати др и цените на едниот од нив. Nokia 9 моделот со 6GB RAM/64GB меморија ќе чини 558 долари, а варијантата со 6GB RAM/128GB меморија ќе чини 634 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.