x

Nokia 9 ќе биде солиден смартфон: Еве зашто

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Јуни, 2017 од GSM.mk

Конечно, Nokia се врати на пазарот. HMD Global, компанијата во чија сопственост е брендот, веќе претстави 3 Android смартфони, а ќе најави уште 3 или 4 до крајот на годината. Еден од нив е Nokia 9. Еве што може да очекуваме од него:

Дали уредот ќе успее да им конкурира на останатите популарни телефони на пазарот? Според информациите кои HMD Global ги сподели, компанијата би требало да претстави извонреден телефон. Еве зашто:

Класичен дизајн со солиден квалитет

The Nokia 9 will be a solid flagship contender, and here's why

Благодарение на Evan Blass, се појавија неколку слики кои го покажуваат изгледот на уредот. Ќе изгледа слично како и телефоните кои ги видовме досега од компанијата, 9:16  дисплеј и алуминиумско тело. Тоа што го прави помоќен од останатите Nokia уреди, е дуалниот систем камери. Sony е единствена друга комапнија која кај своите телефони користи класичен дизајн, без edge-to-edge екрани или невидливи рамки. Тоа што ја издвојува Nokia од Sony е издржливоста на уредите. Јутјуберот JerryRigEverything, ја тестираше издржливоста на новите телефони од двете компании и од битката, Nokia излезе како победник.


Брзи перформанси

Се зборува дека уредот ќе доаѓа со Snapdragon 835 процесор и 4GB RAM. Овие спецификации, во комбинација со најнов оперативен систем, ви даваат уредо со одлични перформанси. 

The Nokia 9 will be a solid flagship contender, and here's why

Одлична цена

Тешко е да ја предвиме точната цена на Nokia 9, но, според цените на Nokia 6 и Nokia 5, можеме да претпоставиме дека ќе биде пониска од конкуренцијата. Најголемата конкуренција на Nokia 6 е Samsung Galaxy A7 (2017), а разликата во нивните цени е околу 100 евра, така што може да претпоставиме дека Nokia 9 ќе доаѓа со пониска цена од онаа на Galaxy S8 Plus и iPhone 8.

Името Nokia

Не треба да ја потцениме и моќта на брендовите. Nokia е име кое сите го знаат. Благодарение на "стара слава", голем број од фановите на компанијата се возбудени за секој следен уред кој ќе биде претставен. 

The Nokia 9 will be a solid flagship contender, and here's why



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.