x

Nokia го подготвува најочекуваниот телефон за 21 август: Дали е Nokia 9?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Август, 2018 од GSM.mk

Nokia најави на твитер дека за време на настанот кој ќе се одржи следниот вторник, го подготвува т.н "најочекуван телефон за оваа година".

Иако звучи мистериозно, речиси сме сигурни дека станува збор за Nokia 9. Освен ако компанијата не не изненади, уредот го очекуваме со Snapdragon 845 и OLED панел, што доколку е точно, може да го стави на исто ниво со Galaxy S9 и iPhone X, не само во однос на квалитет, туку и со цена.

Друга интересна карактеристика која ја очекуваме од уредот е скенер за отпечатоци под дисплејот. Иако ваквата функција веќе е достапна кај дел од уредите, новиот Nokia смартфон можеби ќе биде токму уредот кој ќе ја претстави на секојдневниот пазар. 

Друг важен фактор за успехот на Nokia 9 ќе бидат камерите. Кога корисниците плаќаат за премиум уред, тие очекуваат одлични спецификации во секоја можна смисла, а за дел од нив од голема важност се квалитетни слики. 

Со нетрепние чекаме да видиме што ќе понуди Nokia кај својот нов смартфон. Бидејќи досега не разочарала, сметаме дека и овој пат ќе биде така. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.