x

Nokia Lumia 1020: Повеќе од телефон!

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 11 Декември, 2013 од GSM.mk

Nokia Lumia 1020 претставува уред кој е комбинација од мобилен телефон и фото-апарат. Компанијата Nokia долго време пробуваше да се пробие на пазарот, но по се изгледа ја најде својата вистинска позиција...

Станува збор за телефон кој дефинитивно се разликува по едно нешто од сите други - 41 мегапикселната PureView камера на задната страна со ксенон блиц. Овој долгоочекуван модел во Македонија го донесе продавницата за мобилни телефони Ледиком за цена од само 519 евра!

За среќа, добивме можност да го тестираме, па ќе ви го опишеме накратко нашето искуство.

Уште од првиот допир на телефонот можете да забележите дека станува збор за нешто навистина посебно. Екранот е со големина од 4,5 инчи и користи Superblack SUPERAMOLED технологија (слично како кај квалитетните марки на телевизори) и навистина, боите и контрастите кои ги нуди се одлични.

Она што го издвојува од конкурентите како HTC One, Samsung Galaxy S4 и останатите е оперативниот систем. Станува збор за уред со Windows Phone 8 оперативниот систем, кој е навистина нешто посебно за користење. Менијата се разиграни и флуидни, а секоја апликација се различни од оние на iOS и Android верзиите.

Оперативниот систем навистина се покажува одлично кога ќе го „вмешаме во игра“ процесорот. Nokia Lumia 1020 доаѓа со Snapdragon S4 процесор, кој поседува „само“ две јадра што работат на 1,5GHz. Навистина, споредено со конкурентите ова може да изгледа како премалку, но WP8 одлично си ја врши работата и е екстремно добро оптимизиран. Од сите апликации кои ги тестиравме, не почуствувавме никаков лаг во работењето.

Она што навистина ни се допаѓа на овој телефон е вградениот простор за складирање на податоци (фотографии) со големина од 32 гигабајти. Навистина, не можете да го проширите со MicroSD картичка, но затоа сметаме дека е сосема доволен за зачувување на сите ваши документи.

Останатите спецификации на Nokia Lumia 1020!

Доаѓаме и до оној вистинскиот дел - камерата! 41 мегапиксел во вашиот џеб, но освен тоа имате и дополнителни функционалности, како на пример OIS (оптичка стабилизација), ксенон блиц, детекција на лица и слично. Кога ја изнесовме камерата „на терен“, навистина бевме импресионирани од резултатите. Бидејќи сликите се преголеми, можете да видите еден пример тука!

Nokia Lumia 1020 е достапен во Ледиком за само 519 евра. Би ве советувале дека, доколку се мислите за телефон со Windows Phone 8, тогаш ова е правиот модел!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.