x

Nokia Lumia 1520: 6 инчно чудовиште!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Октомври, 2013 од GSM.mk

Ерата на phablet (phone + tablet) уредите полека започнува да доаѓа. Nokia го претстави својот најнов модел, Lumia 1520 на Nokia World настанот пред 3 дена.

За што станува збор?

Добиваме телефон со 6 инчен FullHD (1080p) екран, quad-core Snapdragon 800 процесор кој работи на 2,2Ghz (најмоќниот на светот и првиот што е интегриран во Windows Phone), како и 2GB RAM. Дополнително, добивате 32GB вградена меморија во стандардниот модел, како и слот за MicroSD картичка доколку ви е потребен поголем простор за складирање на податоци.

Сепак, главната ѕвезда овде, и покрај импресивните перформанси, е камерата. Nokia вгради 20 мегапикселна OIS камера со 26mm леќа, која дополнително вклучува голем број на хардверски и софтверски трикови за разубавување на вашите слики (пр. oversampling). Видеото се снима со 30 фрејма во секунда и FullHD (1080p) резолуција. Единствената негативност е што не постои Xenon блиц, туку имаме двоен LED блиц.

Телефонот ќе започне да се продава оваа есен по цена од 749 долари во Франција, Германија, Велика Британија и останатите европски земји...

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.