x

Nokia на IFA 2019 настанот ќе претстави нови смартфони!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Август, 2019 од GSM.mk

Прв пат оваа година HMD Global ќе учествува на IFA 2019 настанот каде ќе претстави неколку нови Nokia уреди...

Настанот ќе се одржува во септември, а HMD Global го закажа своето претставување за 5ти септември. Иако следбениците на Nokia 5.1 и 6.1 требаше да пристигнат во јануари и мај, изгледа дека оваа година компанијата ќе го промени распоредот на претставување.

Иако HMD Global сеуште го нема потврдено постоењето на Nokia 5.2 и 6.2, според гласините IFA 2019 настанот е одлично место за нивното најавување. Заедно со нив ќе биде претставен и трет смартфон, Nokia 7.2. Неговиот следбеник пристигна во октомври, но изгледа дека Nokia 7.2 ќе пристигне порано.

Заедно со HMD Global, на IFA 2019 ќе учествуваат уште голем број познати компании, меѓу кои се и LG и Sony.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.