x

Nokia X7 (8.1): Елегантен дизајн со импресивен хардвер

Категорија: Рецензии // Телефони Објавено на 04 Февруари, 2019 од GSM.mk

Кога беше претставен минатата година, Nokia 7 Plus беше еден од најдобрите уреди во средната класа. Токму затоа, HMD Global реши да го претстави неговиот следбеник - Nokia X7, истотака познат како Nokia 8.1:

Клучни спецификации:

  • 6.2 инчен Pure дисплеј
  • Snapdragon - 710
  • Батерија од 3500 mAh (2 дена издржливост)
  • 20 мегапикселна селфи камера
  • 12/13 мегапикселни задни камери со ZEISS леќи
Nokia 8.1 не е следбеник ниту на Nokia 8 или Nokia 8 Sirocco во однос на спецификациите. И покрај името, всушност станува збор за следбеникот на Nokia 7 Plus, уредот познат како "буџетски премиум смартфон".
Во споредба со неговиот следбеник, 7X нуди низа подобрувања, особено во дизајнот. Станува збор за стаклена конструкција, заедно со алуминиумска рамка, голем дисплеј од 6.2 инчи, две задни камери и моќна, селфи камера. 
Фотографии направени со Nokia 7X

Во внатрешноста, се наоѓа Snapdragon 710, заедно со 4GB RAM и 128GB меморија. Работи на батерија од 3500mAh. Според бенчмаркинг резултатите, уредот постигна single-core резултат од 1835 и multi-core од 5009 поени. 
Nokia 8.1 Benchmarks
Позитивно:
  • Прекрасен дизајн
  • Одлични перформанси
  • Подобрени камери
  • Батерија со издржливост од 2 дена
Негативно: 
  • Нема безжично полнење
Како и останатите смартфони, Nokia 7X може да го најдете во Ledikom.mk, по цена од 24,590 денари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.