x

Нов апдејт на Pokemon GO!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 28 Септември, 2016 од GSM.mk

Niantic, компанијата позади популарната мобилна игра Pokemon GO, официјално најави дека е пуштен апдејт за играта. Да погледнеме што ќе ни донесе...

Според компанијата, апдејтот носи голем број на подобрувања, од кои најголемиот е новата функција Capture Location, која ви ја прикажува физичката локација каде што сте го фатиле секој покемон. Наводно, ова ќе ви помогне во вашиот лов во иднина.

Покрај тоа, средени се голем број на багови (како пребрзото движење на камерата при борба), а играта е дополнително оптимизирана за да не троши премногу батерија. Компанијата исто така најави дека следува и нов, поголем апдејт, кој ќе воведе возбудливи новости. Се надеваме дека тоа ќе бидат онлајн борбите против други играчи!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.