x

Нов, опасен вирус за Android!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 09 Август, 2016 од GSM.mk

Над 1 милијарда уреди со инсталиран Android оперативен систем се под закана од новиот вирус, наречен Quadrooter. Да погледнеме за што станува збор...

Според првичните информации, вирусот може да ги инфицира уредите кои работат на Snapdragon процесор. Дури и BlackBerry DTEK50, за кој компанијата тврди дека е најбезбедниот телефон во светот, може да биде инфициран од вирусот. Меѓу останатите телефони се и Nexus 5X,Nexus 6, Nexus 6P, HTC One M9, HTC 10, Samsung Galaxy S7 и Samsung Galaxy S7 edge. 

За вашиот телефон или таблет да биде инфициран, потребно е да корисникот да инсталира одредена апликација која го содржи вирусот. Потоа, уредот може да биде целосно контролиран од хакерот, со што ќе добие пристап до камерата, микрофонот, податоците и останатиот хардвер.

Qualcomm вели дека помеѓу април и јули, ги има средено сите проблеми со вирусот и се испратени апдејти до производителите. Сепак, самите производители треба потоа да ги пуштат апдејтите до корисниците, така што заканата сеуште постои...

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.