x

Нов проблем со потечена батерија кај iPhone 8 Plus пријавен во Кина

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Октомври, 2017 од GSM.mk

На крајот од минатиот месец, дел од корисниците пријави проблеми со батериите на iPhone 8 Plus. Потечените батерии предизвикуваа екранот целосно да се оддели од телото на уредот...

Денес, корисник од Кина, изјавил дека го добил својот нов iPhone 8 Plus со екранот одделен од телото. Немало знаци на оган или експлозија. Корисникот го купил уредот онлајн, преку JD.com, каде го вратил веднаш откако го забележал проблемот.

Liu, корисникот на уредот, изјавил дека немал шанса да го наполни или воопшто да го користи телефонот. Други iPhone 8 Plus корисници исто така се имаат пожалено дека го добиле смартфонот во истата состојба. Најмалку еден од нив, изјавил дека при полнење на уредот со оригиналниот полнач, забележал како батеријата започнала да потекува.

Apple сеуште го нема откриено изворот на проблемот. Да се надеваме дека компанијата нема да ги има истите проблеми кои Samsung ги имаше со Note 7 единиците..

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.