x

Нов скандал: Mark Zuckerberg призна дека користи информации и на интернет корисници кои немаат Facebook

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Април, 2018 од GSM.mk

Доколку мислите дека сте безбедни бидејќи немате Facebook профил, се лажете...

За време на неговото сведочење пред Комитетот, ко-основачот и извршниот директор на Facebook, Mark Zuckerberg, изјави дека неговата компанија ги следи и интернет корисниците кои немаат Facebook профил. Одговарајќи на прашање поставено од Ben Luján, Zuckerberg призна дека компанијата ги следи и интернет корисниците без профил поради безбедносни причини. Тоа значи дека овие корисници не знаат какви информации Facebook има добиено од нив. 

Нормално, ова не беше добро прифатено од пратениците во конгресот, кои би можеле да изготват прописи кои ќе се применуваат против апликацијата и сите други социјални медиуми од ист вид. Facebook одговори дека не планира да развие метод кој ќе им дозволи на корисниците да видат какви информации се добиени од нив. 

Некои од лицата загрижени за сајбер безбедноста очекуваат да ги видат директорите на Google, Amazon, Reddit и Twitter наскоро повикани на сведочење. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.